Новите закони ќе чекаат потпис од новиот претседател

Facebook
Twitter
Email
Print

Законите кои претседателот Ѓорге Иванов ги врати во Собранието, и вчера повторно беа изгласани, ќе бидат испратени кај шефот на државата, но ако повторно не ги потпише, ќе биде закажана нова собраниска седница во рок од 30 дена од нивното носење, најави денеска претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

 

За законите, пак, што Иванов ги врати, а е потребно двотретинско мнозинство седница ќе биде одржана по 6 мај кога се очекува да биде избран новиот претседател. Ако не биде избран нов претседател, тие ќе од во Службен весник со потпис од претседателот на Собранието.

 

Инаку, во однос на реформските закони, Џафери рече нема формална пречка Собранието да заседава во време на изборна кампања, но досегашната пракса покажала дека седниците се злоупотребуваат во функција на изборната кампања, и затоа нама да закажува седници за време на изборниот процес. Смета и дека нема потреба да се брза и оти има простор и во текот на мај тие да бидат донесени, бидејќи Извештајот за земјата ЕК ќе го објави подоцна поради Европските парламентарни избори.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи