Фото Кино Клубот Прилеп ќе одржи тридневна едукативна работилница за фотографија во периодот од 3 април до мај 2019 година.
„Младите фотографи ќе имаат можност да го збогатат своето занење и вештини за фотографските техники и нивна примена во насока на визуелно претставување и промовирање на познајачното културно наследство во Општина Прилеп. Исто така, учесниците на работилницата ќе имаат можност од мајсторот на фотографија – Боро Рудиќ да научат како нивниот личен уметнички потенцијал да го преточат во фотографија. Најуспешните фотографии ќе бидат преставени во Фото брошура која што ќе биде достапна во pdf формат“, велат од Фото Кино Клубот Прилеп.
Работилницата е дел од проектните активности во рамките на преоктот: „Улогата на младата популација и фотографијата во заштита, идентификација и промовирање на културното наследство“ поддржан од Министерството за култура.
Пријавување на работилницата на следниот линк: