Врховен го укина куќниот притвор на Мијалков за „Империја“

Врховниот суд го укина куќниот притвор за Мијалков за предметот „Империја“ на Специјалното јавно обвинителство.

 

Во соопштението од Судот се наведува дека му ја уважила жалбата на обвинетиот за решението на Апелациониот суд за мерка куќен притвор и тој се пушта да се брани од слобода. Судот го донел решението врз основа на мислењето дека СЈО нема право да бара притвор, зошто истрагата за овој случај е покрената по јуни 2017. Во соопштението од Судот се наведува дека СЈО нема својство на овластен тужител во оваа постапка.

 

„Империја“ се однесува за сомнение за злосторничко здружување, оштетување ли повластување на доверители, злоупотреба на службена положба и овластувања и перење пари. Освен Мијалков, СЈО ги гони и бизнисмените Орце Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, кои на почетокот на март исто така беа пуштени на слобода.

 

На Мијалков сепак му останува притворот за случајот „Титаник 2“, кој Апелациониот суд вчера затворскиот притвор и му го замени со куќен.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien