Џафери до Дескоска: Собранието работи по деловник, не по желба на министрите

По вчерашната изјава на Министерката Дескоска дека од големо значење е Собранието да се состане со цел донесување на Законот за јавно обвинителство во кој е вметнато и Специјалното јавно обвинителство, со реакција на својот фејсбук профил се јави и Претседателот на Собранието Талат Џафери кој и порача на Дескоска дека Собранието работи според деловник а не според диктат.

 

„Собранието на Република Северна Македонија работи согласно Деловникот, а не врз основа на диктат, а уште помалку според одредени индивидуални претензии, па дури тие да се и на еден министер, било кој и да е“, напиша Талат Џафери.

 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, и на вчерашната средба со новинарите беше категоричен и рече дека нема да закаже седница, дури и да се договорат власта и опозицијата за Законот за Јавното обвинителство зашто не сака да биде искористена за водење предзиборна кампања.

 

Дескоска вчера изјави дека не знае какви се ставовите на претседателот на Собранието, но согласно она што доаѓа од Владата, потребна е согласност и договор за Законот за Јавно обвинителство во најскоро време, затоа што тоа е услов за добивање на препорака од Европската комисија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien