ВИДЕО – Анѓушев најави две решенија за проблемот со Еурокомпозит, поранешните вработени незадоволни од средбата

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Кочо Анѓушев и министерот за транспорт Горан Сугарески денеска во Прилеп се сретна со поранешните вработени во Еурокомпозит кои заминаа како технолошпки вишок, а кои имаат добиено само 1/3 од потребната отпремнина. Анѓушев најави 2 решенија за оваа државна компанија. Едното решение било за 10-тина денови да се реализираат некои договори, за кои не кажа ништо подетално со кои Еурокомпозит ќе се санирал во постојната состојба, а доколку не се реализирало тоа да се оди со истиот начин на решавање на проблемот како кај ФЕНИ, со активен стечај и влез на инвеститор.

 

 

„Компанијата после 45 дена согласно закон доколку има блокирана сметка треба влезе во стечај, а Еурокомпозит веќе 7 години има блокирана сметка. Бидејќи е доминантно државен капитал, ќе влезе компанијата во стечај, но со преструктуирање, при што е обезбеден инвеститор, кој што ќе ја санира состојбата во компанијата, во најголем дел ќе се погрижи за вработените, тоа е наш приоритет, значи тие да бидат обештетени во најголем дел, а истовремено баравме да продолжи со активностите во фабриката, бидејќи ништо не сме направиле доколку не обезбедиме за таа фабрика работа и за во иднина“, истакна Кочо Анѓушев, вицепремиер.

 

Поранешните вработени во Еурокомпозит пак истакнаа дека не ги прифаќаат понудените решенија затоа што им било ветено, откако ќе се продаде компанијата да добијат целосна исплата на отпремнината, последните 3 заостанати плати, 50 % од другите заостанати плати и 20% од придонесите кои не им се платени од 2012 година.

 

„Ние на ова не се сложивме, затоа што бараме придонесите да бидат платени 100%, нас ни се најбитни тие, така и го почнавме штрајкот со тие барања. Важно ние не отстапуваме од тоа сите придонеси да ни се платат на сите, од 2012 до денес, како и опремнините. За другото може и да се договараме“, рече Пеце Вељаноски, поранешен вработен во Еурокомпозит.

 

Договорена била повторна средба на поранешните вработени со вицепремиерот Анѓушев за 10-тина дена за да се најде начин да се испеглаат разликите во ставовите.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи