ВИДЕО – Ристески : Промена на името на држава, бришење на историјата, мизерна економија, непотизам – со кое лице Заев и Пендаровски ќе се појават пред прилепчани

Во саботата во нашот град беше дојден Зоран Заев, човекот кој е на чело на оваа ненародна, криминална и предавничка власт, која освен пустош и црнила, не донесе ништо друго во Македонија. Истакна на денешната прес конференција Петар Ристески, претседател на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Токму денес, од градот херој, СДС ја започнува својата кампања за претседателските избори. Прилепчани многу добро паметат како истиот тој Зоран Заев, од центарот на градот ја најави двојазичноста низ цела територија која на шверцерски  начин насилно ја истуркаа во собрание. А пред некој ден, пушти и пробен балон за увоз на странска работна сила, додека Прилеп мака мачи со невработеноста. Дали со овој пробен балон Заев го најави доаѓањето на мигрантите во Македонија, останува да видиме?

 

Прилепчани паметат како Заев и градоначалникот Јованоски, ветуваа транспарентно владеење, дека ќе бидат поблиску до народот и ќе ги слушаат непосредно проблемите, за накрај да се скријат во прилепската општина, со одбрано друштво од бизнисмени, игнорирајќи го незадоволството и револтот на обичниот граѓанин.

 

Она што досега СДС го сработи како на централно така и на локално ниво се промена на името на нашата држава, бришење на историјата, мизерна економија без ниту една значајна инвестиција која беше оценета со 0 од германските инвеститори, цутење на криминалот и непотизмот, живот за најистакнатите партиски активисти и нивните роднини, вдомување на истите на високи позиции, реализирани очајни 20% капитални инвестиции во Прилеп, за 60% повисоки сметки за вода наместо за 20% поевтини.

 

Со кое лице, денес од Прилеп, Зоран Заев и неговиот кандидат за претседател Стево Пендаровски кој народот го нарекуваше стока, ќе ја бараат поддршката од прилепчани? Со кое лице ќе ја бараат поддршката од пензионерите на кои наместо ветеното покачување им ја намалија пензијата? Со кое лице ќе ја бараат поддршката од наставниците и професорите кои земаат и до 7.000 денари пониска плата од просечната, од вработените од Еурокомпозит, кои две години константно ги лажат, без да им бидат исплатени чесно заработените плати и ветените придонеси?

 

Народот е мудар и нема да дозволи да биде два пати прелажан. Токму затоа на 21 април почнува падот на оваа ненародна, криминална власт. Поразот на Стево Пендаровски ќе го означи почетокот на деинсталирање на оваа сосила инсталирана власт која ќе остане запаметена како најнеспособна власт од осамостојувањето на Македонија. Ќе има правда за сите! Македонија ќе победи!“, истакна Ристески.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien