Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот ,,Поткуп“

Facebook
Twitter
Email
Print

Апелацискиот суд Скопје ја одби како несонована жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за случајот „Поткуп“ во кој беше обвинет премиерот Зоран Заев  и ја потврди ослободителната пресуда на Кривичниот суд.

 

„Апелацискиот суд Скопје постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-27/18, во јавноста познат како „Поткуп“, по одржана нејавна седница, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.62/16 од 21.05.2018 година“, соопшти денеска скопска Апелација.

 

Кривичниот суд донесе ослободителна пресуда за премиерот Зоран Заев во случајот „Поткуп“, во мај минатата година. Според пресудата, која јавно ја прочита судијата Дарко Тодоровски, Обвинителството не успеало да докаже дека Заев сторил кривично дело примање поткуп.

 

Премиерот Зоран Заев беше обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев за продажба на државно градежно земјиште. Сачевалиев беше опремен со скриена камера, со која го снимаше разговорот со Заев во неговиот кабинет во општина Струмица, a aнимката беше објавена на Јутјуб веднаш по најавата на Заев дека ќе почне да ги објавува бомбите за прислушуваните разговори.

 

Заев очекуваше и доби ослободителна пресуда во овој судски процес, бидејќи како што изјави, се работи за монтиран случај со цел да биде спречен да ги објави „прислушуваните разговори“.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи