Антизападната ВМРО-ДПМНЕ, се уште заглавена во 12 годишната криминална матрица и погубните политики на Никола Груевски, нема што позитивно да им понуди на граѓаните, па затоа продолжува со црна кампања со лаги и манипулации. Се вели во писменета реакција на ОО СДСМ Прилеп, која доаѓа по прес конференцијата на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
Писмената реакција ја пренесуваме во целост.
„Уште вечерва ВМРО-ДПМНЕ и послушникот на Груевски, Христијан Мицкоски ќе го добијат одговорот од прилепчани за тоа кој и што направил за Прилеп и за Македонија. Македонија оди напред и запирање нема. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, колку и да сакаат нема да успеат да ја повлечат назад.
Економијата се развива, а невработеноста се намалува. Имено, во 2018 забележан е рекорден износ на странски инвестиции од 624,5 милиони евра во 2018 што е четири пати повеќе споредено со 2017 година. За само една година отворени се над 26.000 работни места, стапката на невработеност е под 20 отсто што е историски најниско ниво.
Се врати довербата во земјоделието, пораснаа субвенциите за тутун и навремено се исплаќаат, а не само пред избори како во времето на ВМРО-ДПМНЕ. Процесот за гасификацијата е во напредна фаза и носи намалени трошоци за производство во стопанството, пониски сметки за греење, заштита на животната средина. Редовно се усогласуваат пензиите, вратена е дневната тарифа за евтина, укината е радиодифузната такса.
Општина Прилеп работи на капитални проекти, се реконструира градскиот стадион, преземени се активности за изградба на комплекс покриени базени во населбата „Точила“. Асвалтирани се над 40 улици во Прилеп, а се проектира проширување на булеварот во центарот на градот и мостот на улицата „Трајко Николски“.
Прилеп и Македонија чекорат забрзано напред. Ги покануваме сите граѓани на општина Прилеп, вечерва во 20:30 на градскиот плоштад „Методија Андонов – Ченто“ да бидат дел од европскиот и напреден процес на Пендаровски и Заев, наспроти погубните и назадни политики на Мицкоски и Силјановска – Давкова“, велат од ОО СДСМ Прилеп.