Мал авион со бугарски државјани се урна кај Солунска глава

Четворица патници од Бугарија загинаа попладнево при пад на мал авион од типот „цесна“, кој се урнал кај Солунска Глава, информираат од Агенцијата за цивилно воздухопловство, од каде што додаваат дека авионот претходно се изгубил од радарскиот систем.

 

Остатоците од авионот и безживотните тела на четворицата патници биле лоцирани од хеликоптери и спасувачки екипи на МВР. Според податоците од Агенцијата за цивилно воздухопловство, авионот летал на релацијата Охрид-Софија.

 

Во моментов екипа на полицијата и планинарски екипи се упатени кон местото на несреќата. Според листата на патници станува збор за маж, жена и две девојчиња. Авионот, со германски регистрации, полетал од Охрид за Софија. Остатоци од авионот веќе биле пронајдени некаде на планината Јакупица. Се очекуваат повеќе информации за овој случај.

 

„Во 16.16 часот изгубен е контакт со мал воздухоплов тип цесна П210Н, кој летал од Охрид за Софија. Поради лошите временски услови пилотот одлучил да слета во Скопје, а по кратко време побарал дозвола да продолжи за Софија“, рече Николче Тасески, директор и претседател на УП на М-НАВ. Тој додаде дека пред да го снема воздухопловот од радар, пилотот пријавил дека има силни турбуленции.

 

Контактот со авионот бил изгубен западно од Солунска Глава, а два полициски хеликоптера биле вклучени во потрагата по малиот авион.

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien