Заев, Ципрас: Доцниме три децении, време е за акција

Facebook
Twitter
Email
Print

Доцниме три децении и сега е време да се забрзаат процесите, беше  еден од заклучоците на македонскот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас искажан на прес конференцијата по заедничката средба за време на денешната посета на грчкиот премиер на нашата земја.

„Мојата посета е прва официјална посета на грчки премиер во вашата земја. Изгубивме многу време, мора да трчаме, да брзаме, изгубивме три децении, мораме да ги премостиме овие јазови. Најважното прашање на денешната средба беше економијата и тоа не може да биде поинаку. Мора да забрзаеме, мора да ги премостиме јазовите од минатото“, рече Ципрас.

 

„Кога гледате кон минатото гледате пропуштени прилики, кога ќе погледнете во иднината гледате отворени можности и заеднички интереси. Двата соседа донесоа храбри одлуки со желба за заедништво, а она што изгледаше за невозможност денес е реалност“, рече премиерот Заев.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи