Вагнер: САД со осиромашен ураниум го контаминирале светот

Facebook
Twitter
Email
Print

Гермаскиот истражувач Фридер Вагнер објави книга за оружје со осиромашен ураниум, кој го користеле САД.

 

Во книгата „Смртоносна прашина- направена во САД: Oружје со осиромашен ураниум го загадува светот“ Вагнер објаснува како САД со употреба на осиромашен ураниум го контаминирале светот, а зборува и за стратегијата на заташкување, која заедно ја спроведувале војската, индустријата и Владата, како и некои медиуми и политичари.

 

Американската војска активно, како што наведува, користела 320 тони осиромашен ураниум во Првата заливска војна 1991 против Ирак, а во втората во 2003 година, дури 2.000 тони.

 

„Во меѓувреме (осиромашениот ураниум) е користен во текот на војната на Косово 1999 и во Босна и Херцеговина 1995 година, а потоа и во Авганистан во 2001 година, каде што и денес се користи“, изјави Вагнер.

 

Прашан како успеал да ја докаже употребата на оваа муниција, Вагнер посочи дека му помогнале и Срби.

 

„Ни дадоа мапи со локации, каде што е користен осиромашен ураниум“, истакна Вагнер.

 

Тој додаде дека група адвокати на Косово работат на тужба против НАТО, затоа што луѓе по војната се разболеле или починале. Стапката на смртност се зголемила за 20 до 30 проценти, а секоја година се повеќе заболуваат.

 

„Тие ќе се обидат да поднесат тужба“, рече Вагнер.

 

Според него, од околу 2.000 италјански војници во Ирак и во Косово, 109 се разболеле од рак и починале, а 16 семејства од 109 починати поднеле тужби и добиле на суд.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи