Дводневен вело настан „ ВелоЧе низ ПореЧе“ на 18 и 19 мај

Здружението ВелоЧе од Прилеп организира дводневен вело настан „ ВелоЧе низ ПореЧе“, с. Белица, Општина Македонски Брод. Настанот ќе се одржи на 18 и 19 мај и за истиот се предвидени 2 рути. Пристигнувањето на учесниците е предвиденона 18 мај и ќе се спие во шатори кои ќе бидат поставени во близина на ресторанот Чифлик кај село Белица. Тргнувањето е на 19 мај во 9.00 часот утрината.

 

Првата рута е со тежина 7 од 10 и е долга 60 км. Стартот е од ресторанот Чифлик кај селото Белица, а потоа се поминува Самоков,Требовље, езерото Козјак и повторно назад до ресторан Чифлик кај село Белица.

 

Втората рута е со тежина 9 од 10 и е долга 77км. И за неа стартот е од ресторанот Чифлик кај селото Белица, потоа учесниците заминуваат за Самоков, Рамне, Брест, Фојник на 1.460 мнв. Требовље, езерото Козјак и повторно назад до ресторан Чифлик кај село Белица.

 

Од здружението ВелоЧе информираат дека по завршувањето на настанот предвидено било да има ручек за сите учесници, порција риба, во ресторанот Чифлик.

 

Котизацијата за учество е 600 денари.

 

Повеќе информаци на https://www.facebook.com/events/130989524144374/

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien