ВИДЕО – Иконостасот во црквата Свето Благовештение во Прилеп може да се урне, државата со години не превзема ништо

Се распаѓа еден од највредните иконостаси во Македонија, стар 174 години, во црквата Свето Благовештение во Прилеп. Според експертите тој е трет по вредност во Македонија после оној во Бигорскиот манастир и црквата Свети Спас во Скопје, а го изработила тајфата на познатиот  копаничар Петре Филипоски – Гарката. Оваа катастрофална сотојба е со децении. Носечките столбови на иконостасот се испукани и изедени од црвојадина. Дел од помалите икони кои се на него се тотално уништени, а уникатните резби секој ден стануваат се пооштетени од забот на времето. Свештениците велат дека постои опасност ова непроценливо културно наследство да се урне во секој момент.

 

 

Иконостасот може и да падне, не дај Боже ќе изгубине нешто непроценлииво, а ќе изгубиме и човечки животи, ако пак велам не дај Боже дојде до тоа. Треба што поскоро да се превземе нешто. Постојано се интервениира до Музејот и сега се останува до нив. Некои луѓе мислат дека е до нас како црква но не е, ние би вложиле би го направиле, но не смееме тој е под заштита на државата“, рече протоереј Илчо Смилески, старешина на црквата „Свето Благовештение“.

 

Митрополитот Петар денеска ја повика државата и Министертсвото за култура да интервенираат најитно што можат.

 

Знаеме ние дека се трошат пари за 300 други несоодветни работи во нашето општество, за разни измислени фестивали или незнам што, а за ова пак ќе повторам е жалосно што државата, општеството и нашата нација немаат слух“, истакна Митрополитот Преспанско Пелагониски, Петар.

 

Подолг период веќе пааѓат цели делови од икостасот, а свештениците ги собираат и ги чуваат во посебна просторија со надеж дека тие еден ден повторно ќе бидат вратени на иконостасот со неговата конзервација .

 

Од Заводот и музеј Прилеп велат дека иако оваа година Министерството за култура повторно го одбило проектот за конзервација на иконостасот тие ќе најделе сили за да конечно започнат истражувачки работи и проект за заштита на ова непроценливо културно наследство.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien