ВИДЕО – Силјановска Давкова : Не смееме да ги забораваме хероите, а не особено првите претседатели на државата

Дојдов во Прилеп да положам цвеќе на споменикот на првиот претседател на АСНОМ, всушност првиот претседател на Македонија, Андонов-Ченто. Тоа е моќна симболика, затоа што еден од основните темели на Европа е борбата против фашизмот. Истакна кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Гордана Силјановска Дафкова, при денешната посета на Прилеп.

 

 

Изјавата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Ние активно, односно партизаните активно се вклучиле на правата страна, што знали уште оттогаш Европа и Европската Унија биле нешто природно за нас.

 

Она што тревожи е што кога јас учев основно и средно, за Ченто не учевме. Ние не смееме да си ги забораваме хероите, а не особено првите претседатели на државата, а потоа да се срамиме од тоа, односно да се срамат оние кои ги криеле.

 

Што се однесува до мене, симболиката би била, ако е тој еден од најпочитуваните, првиот претседател, зошто не би била жена првата претседателка на Република Македонија“, истакна Силјановска Дафкова.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien