Древен египетски саркофаг отворен во живо на „Дискавери“

Саркофаг со телото на египетски висок свештеник беше отворен во специјална двочасовна емисија во живо на теливизијата „Дискавери“.

 

Програмата се емитуваше од месноста Миња, на долината на реката Нил, близу пирамидите во Гиза, јужно од Каиро, Египет. Археолозите тука неодамна открија мрежа од тунели и гробници, во коишто почиваат 40 мумифицирани луѓе, за кои се смета дека биле дел од благородништвото.

 

Шоуто го водеше Џош Гејтс, а гостин беше Захи Хавас, египетски археолог и поранешен министер за антиквитети.

 

 

Проектот е спроведен во соработка со египетското Министерство за антиквитети. Истражувањето на неколку други гробници резултираше со наоѓање статуи, амајлии, стаклени кутии во кои се чуваат органи.

 

За отворањето на саркофагот беа неопходни силата и вештината на неколкумина. И, сè тоа не беше воопшто напразно… Внатре е откриена мумија на висок свештеник на Тот – богот на мудроста и магијата, опсипан со скапоцености, вклучително и злато.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien