„Јади паметно“ – онлајн кампањата за посвесна и здрава исхрана

Преку седум предизвици за седум дена, учесниците да истражат нови начини на поздраво и поодржливо јадење, е целта на онлајн кампањата „Јади паметно“ што почна денеска и ќе трае заклучно со 14 април. Ја организира Шведскиот институт и локалниот партнер за земјава, „Сите сити“.

 

„Јади паметно“ ја подига свеста и им помага на луѓето да разберат зошто нашиот избор на храна е важен и колку храната е тесно поврзана со одржливоста на планетата. Во тек на седум дена, преку седум предизвици, учесниците од целиот свет ќе истражуваат како да јадат поодржливо. „Јади паметно“ е забавен и лесен начин да се почне да се јаде посвесно, додека ги инспирираме останатите. За натамошно ангажирање на јавноста и давање смисла на пораката, спонтано ќе почне натпревар за значењето на храната во Запаниот Балкан од страна на блогерите“, наведуваат од „Сите сити“.

 

Според „Сите сити“, она од што се состои нашата храна, како се одгледува и колку далеку е транспортирана, се сите фактори кои треба да се земат предвид при изборот на оброк. Органска, локално произведена вегетаријанска храна има многу помало влијание на планетата во споредба со конвенционално произведено говедско месо од целиот свет.

 

Досега се имаат придружено учесници од над 50 земји и 30 учесници од нашата држава.

 

На „Јади паметно“ може да се приклучи секој преку регистрирање на следниов линк!

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien