Анкета на „Макфакс“: 83,7 проценти од испитаниците би се иселиле од државата

Истражувачкиот центар на „Макфакс“ спроведе анкета со прашање „Дали би се иселиле од државата“ во траење од 24 часа, односно во периодот од 9 април до 10 април напладне, а спроведена на 15 веб-страници.

 

Најголем дел од испитаниците, или 71,3% одговориле дека доколку се во можност, би ја напуштиле државата, и тоа засекогаш, 12,4% би заминале од државата, но тоа би било само привремено, односно би се вратиле назад, 11% од испитаниците се изјасниле дека никогаш не би ја напуштиле државава, а 5,3% дека не размислувале досега за ова прашање.

 

На анкетата одговориле вкупно 9.051 испитаник, од кои повеќето се мажи, 61,2 отсто, а жени биле 38,8 проценти. Повеќето од учесниците во анкетата се на возраст од 25 до 34 години, односно дури 40 проценти. Од 35 до 44 години се втората најголема група што учествувала во анкетата, односно 31,5 отсто.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien