ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ: На 21 април доаѓа казната од прилепчани за оваа одродена власт

Живееме во време на најнеспособната власт откако е самостојна, независна Република Македонија, и на централно и на локално ниво. Затоа на 21 април прилепчани, Македонците, Македонија, ќе гласа за број 2, ќе гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, професторката Гордана Силјановска Дафкова. Прилепчани ќе ја казнат оваа погубна политика, истакнаа на денешната прес конференција од ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Живееме во време на најнеспособната власт откако е самостојна, независна Република Македонија, и на централно и на локално ниво. Живееме во време кога продажбата на националните интереси е примарна цел, а народот е оставен на маргините едвај да сврзува крај со крај.

 

Она што СДС го понуди во овие 2 години откако е на власт е продажба на националните интереси, продажба на вековното име Република Македонија, продажба на историјата, продажба на македонскиот идентитет. Склучуваа погубни договори ос Грција, со Бугарија и спроведоа туѓа платформа, Тиранската платформа.

 

После работата на комисиите и промената на учебниците, штета е што нашите деца идната година ќе учат една нова историја, за една нова држава, за една творевина која ние никогаш нема да ја прифатиме како своја. Виновникот за формирањето на таква творевина има име и презиме, а тоа е Зоран Заев. Истиот тој Зоран Заев што овде, од центарот на Прилеп, ја заговараше двојазичноста на целата територија на Република Македонија, истиот тој Зоран Заев кој наспроти јасно изразената волја на граѓаните на Република Македонија за бојкот на референдумот, го промени вековното име, и истиот тој Зоран Заев кој пред некој ден исто така овде од Прилеп ни зборуваше за увоз на некаква работна сила и да видиме дали тоа е вовед во доведување на мигранти во Република Македонија.

 

За две години ја уништија економијата во Република Македонија. Пред некој ден нивната економија беше оценета со оцена нула од странските инвеститори. Нека кажат барем една единствена инвестиција, фабрика, отворена за време на нивното владеење. Таква нема. Наместо да го продолжат трендот на доведување на нови странски инвестиции, на отворање на нови работни места, на нови фабрики какви што ние отворивме во технолошко-индустриската развојна зона во Алинци и сега работат илјадници граѓани и ја наоѓаат својата егзистенција, тие сега се занимаваат со непотизам, со вработување на своите синови, ќерки, пријатели, роднини.

 

Почитувани сограѓани, Илија Јованоски во предизборието ветуваше создавање, креирање услови за враќање на младите во Прилеп. Младите, масовно се иселуваат од Прилеп и од Република Македонија. Од тоа ветување засега ништо. Ветуваше 20% поефтини, пониски сметки за вода, во моментов граѓаните плаќаат за 60% повисоки сметки за вода.

 

Почитувани, време е да се казни оваа ненародна, предавничка и криминална власт. Време е да се казни за сите овие предавства, за сите лаги, за сите лажни ветувања. На 21 април прилепчани, Македонците, Македонија, ќе гласа за број 2, ќе гласа за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, професторката Гордана Силјановска Дафкова. Прилепчани ќе ја казнат оваа погубна политика.

 

Воедно, почитувани сограѓани, ве повикувам во петок на 12 април во 20:30 часот да повелите, заедно со нас, заедно сите сплотени, тука од плоштадот Методија Андонов Ченто, да и порачаме на оваа власт дека заминува во историјата. Да и порачаме на најголемиот митинг организиран од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Прилеп.

 

Почитувани сограѓани правда ќе има, Македонија ќе победи“, истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи