Издадени лиценци на 15 компании за одгледување на канабис

Facebook
Twitter
Email
Print

Вкупно 15 компании со домашен и странски капитал одлгедуваат канабис за медицински потреби во земјава. Овие компании имаат добиено лиценци од Владата, а нивните инвестиции се проценети на 40 милиони евра. Во нив работат 300 лица. Оваа информација синоќа ја сподели премиерот Зоран Заев на официјален фејсбук профил.

 

„Станува збор за следниве компании и производства: „Каба Хербал“ во Кочани, „Оаза алкалоиди“ во Карбинци, „Медицал 420“ во Битола, „5 летерс“ во Ресен, „Мам“ во Свети Николе, АЦПВ во Гостивар, „Фарма Медика Канабис“ во Валандово, Ф&M 2017 во Гостивар, „Фармаролли“ во Скопје, „Греен лифе“ во Валандово, „Канабис про“ во Струмица, Т.Х.Ц. Куалити гроуп во Росоман, „Хелтх медикал солутионс“ во Гевгелија, „Бул-Билдинг“ во Струмица и РСБ солутионс во Карбинци“, соопшти премиерот.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи