ВИДЕО – Мицкоски : Неправда е кога патриотите лежат 200 години затвор, а вие ги пуштате на слобода злосторите и злоупотребувате човечки судбини

На 21 април и 5 мај народот ќе ви ја каже вистинската анкета, а тоа е дека заминувате во пензија која воопшто нема да ви биде лесна, затоа што ќе одговарате за секој направен криминал во последниве 2 години. Ова денеска пред прилепчании го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Според Мицкоски СДСМ во послените денови се служел со големи притисоци, закани и уцени, но како што рече народот воопшто не им се плашел. Мицкоски  рече дека насекаде во Македонија имало само разочараност и депресија од лажните ветувања на СДСМ.

 

 

„Поминавме илјадници километри, разговаравме со илјадници наши сограѓани. Разочараност, депресија, луѓето денеска буквално се депримирани од сите оние лажни ветувања, од сите оние неисполнети очекувања од страна на Зоран Заев и СДСМ. И штотуку сакав да ја кажам онаа добра вест каде што денеска низ цела Македонија се зборува, по улиците, по плоштадите, гледам таа овде пред мене дошла во Прилеп, дека ние на 21 април и на 5 мај победуваме браќа и сестри, победуваме.

 

А победата потоа ни носи предвремени парламентарни избори. Народот да си ја врати државата таму каде што и е место, да ја земеме државата од овие измамници. Да ја земем државата назад од овие измамници, од овие криминалци кои што ја запустија домашната економија, кои што ја понижија државата. Тоа е она што денеска се слуша низ улиците, низ плоштадите, низ булеварите во Република Македонија.

 

Бадијала, попусти ви се сите оние нарачани анкети, попусти ви се сите оние статуси на Фејсбук, вистинската анкета ќе ја слушнете на 21 април. И ти Пендаровски Стево и ти Заев Зоране. Имаме историска шанса на оваа генерација Македонци, дојде аманетот да стане вистина, тоа е повторно да си ја креваме државата од пепел, онаа пепел која што ќе ни ја остават овие од СДСМ, на чело со Зоран Заев.

 

Се сеќавате шетаа, бојадисуваа, уништуваа, кршеа по плоштадите, ветуваа правда, ветуваа мир, ветуваа живот, а донесоа пекол во Република Македонија. Прилеп го претворија во најнебезбеден град во Република Македонија. Шараат силеџии, луѓе кои го тероризираат градот. Тоа е вистината која што овде дојде во Прилеп, немаат ниту шајка заковано, а и таа шајка што ја ставија ја украдоа. За такви луѓе станува збор.

 

И нека се закануваат, нека уценуваат, нека злоупотребуваат, тоа се кукавици и овој народ не им се плаши. Но не само овој народ, насекаде низ Македонија, затоа што крајот ви доаѓа, заминувате во заслужена политичка пензија. А таа пензија нема да ви биде мирна, затоа што има да одговарате од прв до последен, за сиот криминал што го направивте“, истакна Мицкоски.

 

Мицкоскии рече дека неправда било кога ќе ветувате живот, а ќе донесете пекол во Република Македонија. Неправда биило кога ќе се колнете дека нема да го менувате името, а го правите тоа за пари, слава и моќ. Мицкоски истакна дека неправда било да се срамите од својата химна.

 

„Неправда е кога ќе се колнете во жицата, ќе се колнете во најмилото, во татковината, и ќе се колнете во дедовината дека нема да го промените името, а во прва прилика, првиот момент кога го имавте, вие не само името, идентитетот го продадовте за пусти пари, слава и моќ.

Неправда е кога ве гледаме како ја веднете кичмата и се срамите да пеете заедно со македонската гарда и со воениот оркестар дека денес над Македонија се раѓа и дека Македонците се борат за своите правдини. Неправда е кога ве гледаме како со тој ваш нов пријател правите селфи, а се срамувате да ја слушнете македонската хумна. Па морате да го лажете народот, да велите дека авионот доцнел и вие сте морале да играте со еден од трите атрибути, покрај знамето и грбот, да ја понижите и македонската светост, а тоа македонската химна. Е таа е неправдата која што ќе ве казни со правдата на 21 април, а потоа и на 5 мај.

Неправда е кога ќе играте на ниски страсти, кога ќе злоупотребувате човечки судбини како опозиционер, кога ќе велите дека имате снимки за оние дечиња жртви кај Смилковско. Неправда е кога како опозиционер за пусти пари и власт ќе ја лажете македонската јавност дека вие сте ја знаеле вистината, а не била вистината таа што ја знаеше македонската јавност. А денеска кога треба да ја соопштите вистината, има две работи, или ја криете вистината, или сте соучесник и ќе ви тежи цел живот тоа што го криете. Или второ, имате трговија со злосторите кои што го направија тоа злосторство на Смилковско. И за првото и за второто ќе одговарате и доаѓа тој ден. Неправда е тоа кога патриоти лежат со 200 години казна, а вие ги пуштате на слобода злосторите. Тоа е неправда“, додаде Мицкоски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien