Објавен првиот трејлер за „Кралот лав“

„Дизни“ го објави првиот официјален трејлер за филмот „Кралот лав“, долгоочекуваниот римејк на цртаниот филм од 1994 година.

 

Во филмот гласовите на животните ги позајмуваат Бијонсе (Нала), Доналд Гловер (Симба), Сет Роген (Пумба), Били Ајхнер (Тимон), Чуетел Еџиофор (Скар) и Џон Оливер (Зазу), а од старата екипа единствено остана Џејмс Ерл Џонс, кој го позајмува гласот на Муфаса.

 

Сценариото за филмот го напиша Џеф Нејтансон, а режијата е на Џон Фавро. Премиерата на филмот е закажана за 19 јули.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien