Доминација на ЏК „Сеишин“ Прилеп, со освоени 20 медали, на Државното првенство за кадети-ки и ветерани во Прилеп

Во спортската сала на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ Прилеп во организација на Џудо Федерацијата на Македонија и техничка организација на прилепските Џудо Клубови „Сеишин“ и „Санкаку“ денеска се одржа Државно првенство за кадети-ки и ветерани. На ова Државно првенство учество зедоа околу 100 натпреварувачи од 12 клубови од нашата држава. 

 

Џудо Клубот СЕИШИН-Прилеп на овие државни Првенства како домаќани најстапи со најголем број натпреварувачи и тоа 20 во кадетска и 4 во ветеранска конкуренција или вкупно 24 односно 1/4 од вкупниот број на Државните првенства. 

 

На овие државни првенства клубот „Сеишин“ Прилеп целосно доминираше при што освои вкупно 20 медали (5 златни, 8 сребрени и 7 бронзени) од кои 16 медали се освоени во кадетска конкуренција и 4 медали во ветеранска конкуренција.

 

 

 

 

 

ИМЕ ПРЕЗИМЕ Теж.кат. Освоено место Старосна кат.
1 Валентин Димитриоски -90 1 Кадети
2 Јован Најдоски +90 1 Кадети
3 Антонио Талески -73 1 Кадети
4 Стефан Талески +90 3 Кадети
5 Дарко Мирчески -66 3 Кадети
6 Бојан Синадиноски -50 2 Кадети
7 Орде Трајкоски -81 2 Кадети
8 Дамјан Петрески -73 2 Кадети
9 Сеадин Рустемоски -55 2 Кадети
10 Никола Магдески -50 3 Кадети
11 Теодора Димеска -48 1 Кадетки
12 Марија Талеска -48 3 Кадетки
13 Магдалена Најдоска -44 2 Кадетки
14 Вероника Белушанец -57 3 Кадетки
15 Ивана Стеваноска -70 3 Кадетки
16 Леона Настоска -63 2 Кадетки
17 Маке Спиркоски -81 1 Ветерани
18 Киро Здравески -81 2 Ветерани
19 Диме Џагадуроски -81 3 Ветерани
20 Дејан Џокоски +100 2 Ветерани
           
           
  ВКУПНО 1 места = 5 2места=8     3 места=7 20  медали

 

 

 

 

 

 

                                  

 

                         

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien