Освоено злато на меѓународниот натпревар во Хрватска по гастрономија на учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево

Учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“ од Крушево, Давид Трајкоски и Бојан Седлоски на меѓународниот натпревар за гастрономија во Хрватска освоија златен медал, а средното училиште од Крушево го освои второто место во конкуренција од 24 училишта од Европа.

 

На 14-от Меѓународен фестивал по гастрономија Супетар – Брач, Република Хрватска кој се одржа од 9-ти до 14-ти април 2019 г. учениците имаа можност да присуствуваат на мастер часови од реномирани европски шефови на кујни, а покрај професорите, директорката и покоровителите несебична поддршка во подготовката даде и шев Христијан Јорданоски.

 

Учениците, менторот Оливера Карева Скола, со асистенција на професорот Љупчо Крстески и директорката Снежана Миленкоска одржаа средба со градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, по повод постигнатиот успех, на која добија честитки за успехот и разговараа за понатамошна соработка и промоција на струките од областа на угостителството, како и дополнително поттикнување на учениците од крушевското средно училиште.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien