Ќе се гради мал парк на местото на дивата депонија на ул. „Александар Македонски“, кај егејските згради

На местото од дивата депонија на ул. „Александар Македонски“, на крајот од егејските згради, ЈКП „Комуналец“ ќе гради мал парк. Денеска се расчистуваше просторот каде несовесни граѓани редовно одлагаат комунален отпад и градежен шут. Идејата за изградба на овој мал детски парк била на поранешен жител од населбата, кој доаѓајќи во Прилеп редовно гледал исфрлен отпад на местото каде некогаш со своите другари играле детски игри, а во тоа време тој простор бил ливада. Анонимниот граѓанин ќе ги донирал реквизитите за паркот.

 

„ЈКП „Комуналец“ и Локалната самоуправа ќе овозможат да се исчисти и уреди овој простор со тревнат дел, патеки и клупи, додека граѓанинот кој е инцијатор за уредување на овој простор ќе ги донира и постави детските реквизити. Иако просторот е мал, сепак со изградбата на парк од помал обем ќе се спречи појавата ова место да претставува ѓубриште, а на негово место во иднина најмладите ќе имаат простор за забава и релаксација“, соопштуваат од ЈКП „Комуналец“.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien