Американец ги тужи родителите бидејќи ја фрлиле неговата порнографската колекција

Четириесетгодишен маж од Индијана, САД ги тужи своите родители затоа што ја фрлиле целата негова колекција со порнографија, чија вредност, според него, изнесувала повеќе од 29.000 долари.

 

Случајот е во американската држава Мичиген. Таму живеат родителите на 40-годишниот маж кој се преместил кај нив откако се развел во 2016 година. Кога се иселил по 10 месеци родителите му ги испратиле неговите работи во Менси во Индијана, но недостигале порно филмовите и списанијата.

 

Родителите признале дека му ja фрлиле порно колекцијата, а неговиот татко му пишал и порака:

 

„Ти направив голема услуга кога се отарасив од тие работи. Верувал или не, една од причините поради кои ја уништив твојата порнографија беше твојата благосостојбна, односно твоето ментално и емоционално здравство. Би го сторил истото и доколку најдев килограм кокаин. Се надевам дека еден ден ќе разбереш“.

 

Мажот бара финансиска отштета во тројна вредност од вредноста на изгубената содржина, што изнесува 87.000 долари.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи