ВИДЕО-ВМРО-ДПМНЕ : Јавниот градски превоз во Прилеп пред колапс, не се реализираше ништо од ветувањето

Нивото на неспособност на ненародната власт расте од ден во ден. Во изминатите две години на централно ниво и година ипол на локално, СДСМ донесе пустош во сите сфери на општественото живеење. Истакна на денешната прес конференција Влатко Петкоски, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференциијата ја пренесуваме во целост.

 

„Од студенти до пензионери, од земјоделци до наставници, лекари, професори, како и семејства корисници на социјална помош, сите се разочарани и со изневерени очекувања.

 

Повеќе од 330.000 пензионери во државата наместо покачување добија намалени пензии. Ако досега пензиите растеа според зголемувањето на платите и според зголемувањето на трошоците за живот, со измените на Законот за пензии, истите ќе растат само кога постои зголемување на трошоците за живот. Поради ваквото законско решение, пензионерите останаа скратени за околу 500 денари во нивните месечни примања.

 

Уште пожално е тоа што граѓаните се потешко доаѓаат до лекови на рецепти. Лекови има само до 5ти-6ти во месецот, а потоа се плаќа на приватно, што е огромно оптоварување за домашниот буџет, а за некои семејства тоа значи и неможност да се лекуваат.

 

Особено погодени тука се лицата со хронични заболувања, кои месечно треба да одделуваат од 3-4000 денари на приватно за потребните лекови.

Со оваа власт мака мачат и над 12.000 пензионери во Прилеп, кои покрај скратените пензии, немањето на лекови, кај и да е ќе останат и без градски превоз.

 

Проектот за јавен градски превоз кој го реализираше локалната самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ во 2014 година е пред целосен колапс.

 

Наместо поранешните 5 автобуси кои сообраќаа на 3 линии на секој половина час, сега на истите линии сообраќаат само 3 автобуси на секој час. Нема ништо од ветувањето на градоначалникот Јованоски за набавка на нови автобуси, а постојаните имаат потрошувачка и до 40% .

 

Покрај тоа автобусите доцнат, а условите во нив особено во зимскиот период се никакви.

 

Неспособноста на локалните власти се манифестира и во однос на кадровската политика, па така во просек менуваат директор на секои 6 месеци во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, во чиј склоп е и јавниот градски превоз.

 

Иако ветуваа целосно бесплатен градски превоз за пензионерите, воведоа само 4 часа во денот, и тоа од понеделник до петок, а се знае дека на пензионерите јавниот превоз им е најпотребен во викендите.

 

Исто така, нема ништо од воведувањето на 4-та и 5-та линија во градскиот превоз, иако овие релации беа изгласани во поранешните седници на Советот на општина Прилеп.

 

За среќа доаѓа крајот на оваа аздисаност, на ова лицемерие и неработење. За среќа граѓаните ја препознаа вистинската страна и застануваат зад политиката на ВМРО-ДПМНЕ. Граѓаните во недела на 21 април, а потоа и на 5-ти мај доаѓаат по своето и ќе си ја земат државата во свои раце. Тоа ќе биде почетокот на крајот на оваа власт и враќање на државата во правилна насока“, истакна Петкоски.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи