ВИДЕО – Цветаноска : Наследивме комплетно руиниран градски превоз , наскоро ќе се набават 4 нови автобуси на метан

Од 13 само 5 автобуси за јавен превоз се во функција. Потрошени се милионски суми за нивни поправки. Неможност да се најдат резервни делови за одделни типови автобуси, поради нивна застареност. Возен парк со огромни количества старо железо, кое треба да заврши во отпад.  Ова е сликата на градскиот јавен превоз на претходната локална власт. Истакна на денешната прес конференција В.Д. раководителот на ЈП за ПУП, Марија Цветаноска. Прес конференцијата доаѓа како реакција на пресот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата на Цветаноска ја пренесуваме во целост.

 

„И секако се поставуваа повеќе отворени прашања:

 

  • Зошто се набавувале стари автобуси?
  • Зошто не се купувале нови?
  • Зошто граѓаните постојано се држеле во заблуда со лаги и извртување на фактите?
  • Кој се обидувал да ќари од народните пари, со овие постојани поправки и набавки на крајно амортизирани автобуси?

 

Оваа локална власт и ова Јавно претпријатие за просторни и урбанистички планови работат на трајно и квалитетно решавање на проблемот – продуциран од власта на ВМРО-ДПМНЕ.

 

  • Во тек е набавка на 4 нови автобуси на метан, што значи квалитетен превоз, паралелно почиста животна средина!
  • Обезбеден е бесплатен градски превоз за пензионери четири часа дневно.

 

Нови автобуси ќе има! Квалитетен градски превоз ќе има, НАСКОРО! И тоа само 1.5 година од доаѓањето на новата локална власт!

 

Ова е вистината за јавниот градски превоз во Прилеп. Оваа власт работи на конретни решенија, а претходната создаваше розова слика, со амортизиран превоз што ни го остави во наследство!“, истакна Цветаноска. 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи