По успешно спроведените септемвриска и октомвриска акција на „Нахрани 10.000“, „Сите сити“ во соработка со Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Прилеп по трет пат на локално ниво ја организираше акцијата овој пат посветена на Неделата на солидарност.
Акцијата се одржа од 10 до 18 часот пред споменикот на Марко Цепенков каде имаше поставено штанд за сите оние кои сакаа да донираат храна.
Граѓаните на општина Прилеп и овој пат ја покажаа својата хуманост и солидарност и донираа храна за социјално загрозените семејства од нашиот град.