Филмот “Bohemian Rhapsody” стана најпродаваната адаптација на музичка биографија кога во неделата ја надмина заработката со 900 милиони долари од продажбата на карти во кино салите ширум светот.
Филмот кој се закити со Оскар заработи 830 милиони долари на меѓународниот пазар и 71 милион долари од домашната британска публика.
Во изминатиот период неочекувано порасна популарноста на филмот помеѓу јапонската публика каде заработи 144 милиони долари.
“Bohemian Rhapsody” е филм за Фреди Меркјури, легендарниот пејач на групата Queen. Ова врвно остварување е режирано од Брајан Сингер, според неодамнешни изјави веќе планира да сними и продолжение на филмот.
Според мислењето на филмските критичари, овој филм многу брзо ќе заработи милијарда долари со оглед на тоа дека е достапен на светскиот пазар.