Поемотивна изведба на „Распукала Шар Планина“ немате слушнато

Македонските песни се пеат со многу емоции. Но, кога некој има ваков талент, неговата изведба ќе ги разбуди сите ваши сетила. Зарина Првасевда ја испеа „Распукала Шар Планина“, а на ова видео никој нема да остане рамнодушен.

 

 

„По повод веста за најмалку 600 хектари запалена, исечена или оштетена шума на Шар Планина, а дополнително колку многу штета нанесена на природата со пожарите што дивееја насекаде низ државава, со загадувања заради човечки фактори т.е расфрлани отпадоци ( хартија, пластика, отпушоци и сл.) ВИ СЕ ОБРАЌАМ СО АПЕЛ на јазикот кој најлесно го говорам, песната, а пак со видеово како нагледно средство за да видите што уништувате, па можеби и ќе ви се нажали … Другари, и требаме на Шара, Галичица и Баба ..и требаме на природата, а и таа нам! Ајде да се обидиме сите, секој тргнувајќи од себе особено кога никој не не гледа свесно да ракуваме со неа, подадете ми рака и отворете срце заеднички и со многу љубов да го зачуваме и гаиме најубавото и најдрагоценото што бесплатно го добиваме во ова мало парченце земја! А во меѓувреме, појачајте тон, насмевнете се и размислувајте на која тура ќе ни се приклучите за заедничка радост, насмевки и песна“, напиша Зарина Првасевда, изведувачка на песната, која го сподели видеото.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien