Се планира прилепскиот пазар да добие фотоволтаични панели и нов кров

Заменик министерот за локална самоуправа,  Дејан Павлески во рамките на денешната посета на општина Прилеп и градскиот пазар истакна дека планирано било во прилепскиот пазар да се користат фотоволтаични панели кои сончевата енергија ќе ја претвараат во електрична.

 

„Во таа насока ние како Министерство за локална самоуправа во последните две години направивме напори заедно со Владата да обезбедивме двојно повеќе средства во делот на рамномерен регионален развој. За 2019 година се обезбедени вкупно 7 милиони евра, во Пелагонискиот регион досега преку една од компонентите  одобрени  се осум проекти  во вредност од околу 500 илјади евра. Минатата година како министерство  поддржавме проект за подобрување на условите во противпожарната заштита, конкретно преку набавка на опрема и возило за потребите на територијалната противпожарна единица како и изработка на урбанистички планови во неколку населени места во Општината. Оваа година  продолжуваме, согласно аплицираните проекти  во делот на заштита на животната средина преку упоотреба на обновливи извори на енергија. Планирано е во пазарот да се употребат фотоволтаици со што ќе се обезбеди и користење на обновливи извори на енергија и на тој начин ќе се подобри и квалитетот на условите и функционалноста на  самиот пазар“, истакна заменик министерот за локална самоуправа Дејан Павлески.

 

Директорот на Јавното претпријатие „Пазари“, Кристијан Илиески истакна дека финансиските потешкотии се надминати и како јавно претпријатие веќе можат да размислуваат за реализација на проекти кои се од особено значење на пазарот.

 

„Врз основа на апликацијата која преку Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион ја испративме до Министерството ни се одобрија средства за поставување на фотоволтаици,  проект кој е од големо значење за  пазарот,  бидејќи  во зимските месеци сметките за струја беа високи и ни создаваа потешкотии во функционирањето, рече директорот на ЈП „Пазари“, Кристијан Илиески, кој нагласи дека приоритетна цел во насока на подобрување на функционалноста на градскиот пазар била и кровот, за што во рамките на програмата за рамномерен развој  е аплициран проект за нов кров.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien