Филипче: Ниту едно дете нема да примено во градинка и во училиште невакцинирано

Ниту едно дете нема да биде примено во градинка и во училиште невакцинирано, изјави денес министерот за здравство Венко Филипче, по вчерашното прогласување на епидемија од морбили во целата држава.

 

„Најдовме и одлуки на Уставниот суд, што претходно одлучувал по претставки доставени од родители во 2014 година и 2015 година. Јасни се одлуките на Уставниот суд дека никој нема право да го загрозува јавното здравје, ниту има право со својата волја да го загрозува правото на детето да биде здраво“, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

 

Појасни дека мултисекторската група ги разгледувала сите важечки закони и заклучиле дека има позитивна законска регулатива и покрај една контрадикторност во Законот за задолжително основно образование, дека е задолжително за секое дете. Меѓутоа, како што рече, има многу прецизно дефинирани членови во законите за здравствена заштита и за заштита на населението од заразни болести, во правилниците за имунизација, каде таа е задолжителна, дека децата мора да се вакцинираат.

 

Филипче додаде дека во државава има доволно МРП вакцини, но и дека во тек е нова набавка која во петок ќе биде дистрибуирана до сите центри за јавно здравје.

 

„МРП вакцини има сосема доволно, веќе има и нови количества од новата набавка и тие до петок ќе бидат дистрибуирани во сите центри за јавно здравје. Имаше недостиг на одреден тип вакцини (полио), заради тоа што со постапката за набавка тој тип вакцини се заменети со сосема нов. Стануваше збор за ревакцина, а не за редовна и не станува збор за морбили. Ја заменивме со нов ацелуларен тип, кој дава помалку реакции при вакцинирањето и е тренд во светот“, додаде Филипче, одговарајќи на новинарско прашање по одбележувањето на Светскиот ден на хемофилија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien