Минатата година субвенциите за тутунопроизводството беа исплатени на 17 април, оваа година на 16 април, согласно календарот за исплатата на истите, согласно програмата за дирекна поддршка во земјоделството. Навремено беа обработени податоците, списоците, сета онаа процедура од рамки на откупните претпријатија. Истакна денеска во Прилеп министерот за земјоделство, Љупчо Николоски. Според Николоски претходната реколта имало стабилен откуп со просечна цена од 214,2 денари по килограм. Откупени биле повеќе од 25 милиони килограми, а кон тутунопроизводителите биле исплатени над 5.4 милијарди денари.
„Сосема навремено од страна на сите откупувачи, од страна на сите регистрирани откупни претпријатија и навистина и Владата и Министерстовото и Платежната агенција направија се во рамки на календарот за исплата на субвенциите истите бидат исплатени. Покрај тоа може да кажам дека од овие откупени 25.2 милиони килограми тутун, над 21 милион се во прва и втора класа, односно над 90% од откупениот тутун, или над 90% од тутунопроизводителите, како резултат на промена на системот на субвенционирање по класи, добиваат зголемени субвенции за прва и втора класа. Тоа се неколку милиони евра повеќе средства кои Владата ги издвојува за оваа стратешка гранка, за регионот и за државата, а значајни се и позитивните показатели. 4.700 повеќе договори имаме склучено во 2018, за разлика од 2017, има зголемени површини, зголемен девизен прилив и сите податоци навистина говорат во тој правец“, истакна Николоски.
Со тутунопроизводство во Македонија се занимаваат над 30.000 семејства
„Паралелно Собранието го донесе Законот за тутун. Ова е пример како се носи закон во партнерство со откупувачите, производителите, коморите, каде што од 2020 целосно се укинуваат евидентните листови, административните постапки за тутунопроизводителите ќе бидат многу помали, дирекно ќе склучуваат договори со откупните претпријатија. Се воведуваат нови видови на цигари, односно се регулираат електронските цигари, други производи од тутунската индустрија. Се воведуваат можности да се отвораат откупни пунктови за време на самиот откуп таму каде што е потребно и многу други работи со кои се усогласуваме со соодветните регулативи, а се во интерес на сите чинители на овој значаен сектор во нашата економија“, додаде Николоски.
Се уште се обработувале сите податоци за белите картони за оваа година, до овој монент биле околу 32.000 договори.
„Меѓутоа електронскиот систем на Министерството сеуште работи и во следните неколку денови ќе имаме конечна состојба за реколтата 2018 во поглед на сите податоци и за она за што се издадени бели картони или евидентни листови од страна на нашите подрачни единици. Очекуваме и 2018 година промената на самиот модел кој ги мотивира тутунопроизводителите да произведуваат поквалитетен тутун, а тоа е еве од 25 милиони килограми, 21 милион, одосно близу 8 милиони се прва класа, а 13.3 милиони се втора класа. Нешто над 3 милиони килограми се трета класа и четврта и останати е многу мала количината“, потенциираше Николоски.