ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : Во Прилеп нема ниту една нова инвестиција, нема нови работни места, нема 500 евра плата, студентските домови се распаѓаат

Младите на претседателските избори кои претстојат се спремни да ги казнат политиките на СДС и Зоран Заев, затоа што младите се жртви на лагите и погубните политики на оваа ненародна, антидржавна власт. Истакнаа на денешната прес конференција од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Ветуваа се’ и сешто. Ветуваа дека ќе се цени квалитетот при вработување, ветуваа дека сите ќе имаат еднакви можности, дека ќе ја подобрат економијата, бизнис климата, ќе отворат нови работни места, ќе реализираат мерки за млади. Засега ништо од ветеното! Освен непотизам и вработување на истакнати партиски војници на државно, не мрднаа со прст нешто да променат за сите нас.

 

Кога на истиот Зоран Заев му требаа гласовите од нас младите, студентите, средношколците со право на глас за да дојде на власт, ветуваше брда и долини, за накрај да бидеме ставени на маргините во општеството, без никаква грижа.

Студентските домови се распаѓаат. Условите за живот стануваат се полоши и полоши. Сведочиме за слики од оброци, во кои може да се најдат бубачки, отпушоци од цигари, но не и нормално јадење за еден македонски студент. Гледаме слики како паѓаат таваните во студентските домови, а одговорните лица тераат кампања за Стево Пендаровски наместо да работат.

 

Во Прилеп не донесоа, ниту една, ама баш ниту една инвестиција. И наместо да ја замајуваат јавноста дека 2018 била рекордна година по број на странски инвестиции, нека излезат и нека кажат само една фабрика која ја отворија во нивно време во Прилеп?

 

Ветуваа 500 евра плата, ветуваа 100.000 плата за докторите, поддршка од бизнис секторот, за накрај овие 500 евра плата да станат достижни само за истакнати партиски војници од редовите на СДС, додека пак младите доктори остануваат со поништени специјализации, пришто се приморани да ја бараат својата егзистенција во странство.

 

Ги повикуваме сите млади да погледнат околу себе? Изостануваат инвестиции во училиштата, нема нови спортски сали, нови игралишта, мултифункционални терени, тениски игралишта, нов театар, нема спортско рекреативен центар во сала Македонија, затворен базен. Она што го слушаме од локалната власт е некаква веќе видена ЌЕ реторика, за купување време, додека она кое го имаат на располагање залудно го трошат.

 

Колку за потсетување во време на ВМРО-ДПМНЕ се реновираа блокови од студентските домови, се набавија машини за перење и сушење алишта, стартуваше проект за бесплатно патување на најдобрите студенти низ Европа, редовно се спроведуваа платени курсеви за странски јазици, бизнис, претприемништво, компјутерски вештини, се реализираше проектот за бесплатен железнички превоз за млади до 27 години, младите добиваа ваучери за набавка на таблери и лап топи, бесплатно посетуваа кина, театри и други културни манифестации и уште мн.други проекти.

 

Почитувани, сите ние сакаме светла, европска иднина, но не е доволно само да се споменуваат низ прес конференции ЕУ и НАТО, а ништо да не се работи. Затоа ние младите масовно, на овие претседателски избори својот глас ќе го дадеме за професорката Гордана Сиљановска Давкова, затоа што во неа препознаваме иден претседател кој ги разбира нашите потреби и проблеми, претседател кој нуди решенија, претседател кој со сето свое знаење и интегритет ќе го врати достоинството на младиот човек во Македонија! Придружете ни се, сите заедно да го започнеме падот на оваа неспособна власт! Само така Македонија ќе продолжи да чекори напред кон европското семејство“, рекоа од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи