ВИДЕО – Локвенец : 27 милиони евра завршија во рацете на тутунарите, субвенциите се исплаќаат тогаш кога се најпотребни

27 милиони евра, заслужено завршија во рацете на производителите на тутун. Нека се аирлија. За реколтата 2018 над 90% од земјоделците предале тутун од прва и втора класа. Истакна на денешната прес конференција пратеникот од СДСМ, Хари Локвенец.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Уште од лани, субвенциите ги зголемивме на 80 денари за прва класа, 70 денари за втора и 60 денари за трета, односно четврта класа килограм предаден тутун. Се покажува дека тоа е правилна, вистинска одлука.

 

Само од зголемувањето на субвенциите по класи тутун, годинава влегуваат околу 5 милиони евра повеќе пари за производителите на тутун. Од тие пари најголем дел завршуваат во прилепскиот регион како најтутунарски во државата.

 

Субвенциите минатата година се исплатија на 17 април, годинава на 16 април.

 

Како и минататата година, и годинава субвенциите се исплаќаат на еден месец пред почетокот на новата сезона, односно тогаш кога им се најпотребни на тутунарите за да ги реинвестираат во новата реколта. Така ќе биде и секоја наредна година.

 

Ние знаеме дека производството на тутун е една од најтешките и најмачни гранки во земјоделството. Затоа го вреднуваме и наградуваме трудот на земјоделецот со директна поддршка.

 

Минатиот месец во Собранието го изгласавме и новиот Закон за тутун, со кој предвидуваме укинување на евидентните листови или т.н. „бели картони“, што ќе започне да се применува од 2020 година.

 

Со ова значително ги олеснуваме административните процедури за тутунарите, кои ќе склучуваат договори директно со откупните претпријатија.

 

Тутунарите и граѓаните воопшто, препознаа дека за нас зборот е збор. Работите тргнаа на поарно, се повеќе пари завршуваат кај тутунарите, кај земјоделците, кај граѓаните. Во недела, на изборите избираме дали ова ќе продолжи или ќе се вратиме назад во црното време на режимот.

 

Избираме напредок, повеќе пари и сигурна иднина. Продолжуваме заедно напред!“, изјави Локвенец.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи