Гласачките ливчиња ќе бидат без „Северна“

Facebook
Twitter
Email
Print

Претставниците на Државната изборна комисија, под силно полициско обезбедување, денеска од битолската печатница го подигнаа доверливиот гласачки материјал. Истите потоа се упатија до осумдесетте општински изборни комисии. На гласачките ливчиња ја нема придавката „Северна“.

 

„Гласачкото ливче го содржи знамето на нашата држава, редните броеви на кандидатите, имињата и презимињата на кандидатите и симболите на политичките партии кои дадоа согласност да стојат тие симболи. Никакви други ознаки на гласачкото ливче нема и да не се доведува во заблуда јавноста дека има какви било други додатоци“, рече претседателот на ДИК, Оливер Дерковски.

 

Гласачките ливчиња имаат 21 заштита.

 

„Не е возможно да се фалсификува ниту едно ливче, а оригиналните записници се направени на заштитна хартија со неможност да се копираат, нема можност да се преправаат и на специјална хартија има генерирарни податоци за секое гласачко место“, вели директорот на печатницата “Киро Дандаро“ Драги Милошевски.

 

За претседателските избори, на избирачкиот список се запишани 1.808 131 гласач.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи