Најпосакувани туристички дестинации за 2019 година

Интересот на туристите за Будимпешта расте побрзо отколку за кој било друг град во светот, објави интернет страницата „Лонли планет“, откаде биле анализирале податоци од „Гугл трендс“.

 

Така, на листата дестинации со најголем раст на популарноста меѓу туристите за 2019 година во однос на 2009 година, унгарската престолнина е на прво место – со 87 отсто раст. На второ место е јужнокорејскиот главен град Сеул (79 отсто пораст). Трет е Копенхаген (68 отсто), зад кој следат Тел Авив и Варшава.

 

Што се однесува до летните одмори, за последните 10 години најголем раст на туристи имаат Филипините (170,5 отсто). По нив се Јужна Кореја, Саудиска Арабија, Казахстан и Холандија. Расте и интересот кон Египет, Тунис, Турција, Франција и Бразил.

 

Она што е интересно е поголемата љубопитност за Југоисточна Азија, Индија и Блискиот Исток во последнава декада.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи