Мобилни медицински екипи од утре ќе започнат спроведување на вакцинирање низ училиштата во земјава, објави денеска министерот за образование, Арбр Адеми, изразувајќи уверување дека таквиот потег ќе даде резултати и оти ќе биде во согласност со уставните одредби.
По најавата дека невакцинирани деца нема да бидат примени ниту во градинка ниту во училиште, Адеми истакна дека се постојан контакт со Министертвото за здравство и работат на хармонизација на Законот.
Посочи дека ситуацијата со морбилите е алармантна, што само по себе подразбира и преземање на агресивна кампања за вакцинирање. Адеми уверен дека теренската вакцинација ќе ги даде очекуваните резултати и дека новодонесеното решение ќе биде во соогласност со уставните одредби.
Потсетуваме дека пред два дена епидемија на морбили е прогласена на ниво на цела држава.