Регионална ревија на песни, музика и игри на пензионерски здуженија од регионот во Прилеп

Здруженијата на пензионери од Прилеп, Битола, Крушево и Демир Хисар, денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ја одржаа 17-тата Регионална ревија на песни, музика и игри. На манифестацијата присуствуваше и претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова, претставници од Здружението на борци од Прилеп, преседателот на Собранието на Сојузот на пензионери на Македонија, Илија Адамоски,  претставници од Здружението на инвалидизирани пензионери и голем број пензионери од четирите соседни општини. Настапите на здуженијата со песни и ора од богатата ризница на нашата земја  беа тематски различни.

 

Заблагодарувајќи им се на сите учесници за љубовта и ентузијазмот со кој го негуваат и презентираат фолклорното наследство,  пензионерските средби ги поздрави и претседателот на Здружението на пензионери на Општина Прилеп, Славко Трајкоски.

 

 

17-тата Регионална ревија на песни, музика и игри за отворена ја прогласи претседателката на Сојузот здруженија на пензионери на Македонија, Станка Трајкова.

 

„Со оваа реионална ревија започнува пролетното  музичко пензионерско движење, преточено во регионални ревии кое почнува во Прилеп а завршува на 20 мај во Вевчани. Ќе се одржат 8 регионални ревии во април и мај месец, а како заеднички именител за сите е зачувување на фолклорот, кој се пренесува од колено на колено„, истакна Станка Трајковска, претседател на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

 

Републичката ревија на песни, музика и игри оваа година ќе се одржи на 7 јуни а на истата ќе настапат најуспешните.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи