Скок од 14 места во слободата на медиумите според „Репортери без граници“

Facebook
Twitter
Email
Print

Република Северна Македонија напредуваше за 14 места според Индексот за слобода на медиумите на Репортери без граници за 2019 година. Земјава, во најновиот извештај, се најде на 95-тото место од вкупно 180 држави во светот, што претставува најдобар резултат од 2012 година.

 

Северна Македонија, која минатата година беше на 109-тото место, сега се наоѓа во друштво на африканските држави Либерија, Мавританија и Бенин, а и покрај големото подобрување останува меѓу најлошите држави од регионот според слободата на медиумите. Земјава е полошо рангирана од Словенија (34-то место), Босна и Херцеговина (63), Хрватска (64), Грција (65), Косово (75), Албанија (82) и Србија (90). Полошо позиционирани од Северна Македонија на индексот се Црна Гора (104-то место) и Бугарија (111).

 

Главна забелешка на Репортери без граници оваа година е состојбата во јавниот сервис, МРТВ, каде што Владата сѐ уште не спровела реформи.

 

На првото место оваа година повторно се најде Норвешка, а во првите пет најслободни земји за новинарите се наоѓаат и Финска, Шведска, Холандија и Данска.

 

На дното на листата според Репортери без граници е Туркменистан, а во најлошите пет држави за медиумите се уште и Северна Кореја, Еритреја, Кина и Виетнам.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи