Пред нас претстојат избори на кои одлучуваме не само за претседател на државата, туку одлучуваме за Македонија, одлучуваме за тоа во каква држава сакаме да живееме. Изборот е јасен, Гордана Сиљановска Давкова, жена која неизмерно си ги сака и народот и татковината, изјави од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.
„Пред нас претстојат избори на кои одлучуваме не само за претседател на државата, туку одлучуваме за Македонија, одлучуваме за тоа во каква држава сакаме да живееме, осиромашена држава, држава без инвестиции, држава со економија оценета со 0, држава со катастрофално здравство и образование, држава во која младите се иселуваат како никогаш претходно, или сакаме да живееме во горда и достоинствена Македонија, во која ќе го победиме заевизмост и оваа неспособна власт.
За жал големите ветувања на оваа ненародна, криминална власт се покажаа како големи лаги. Народот памети како истиот тој Заев ја најави двојазичноста од Прилеп, како истиот тој Заев се колнеше во челад дека нема да се промени уставното име на нашата држава, за накрај да ја обезличат државата, да го сменат името, идентитетот, да тргуваат со историјата и националните интереси без трошка срам. Зарем има некој кој уште му верува на овој човек кој се’ што кажа излажа и испадна спротивното?
Да се потсетиме на лагите од врхушката на СДСМ од предизборните кампањи. Нема ништо од ветените 600 километри автопат, од изградбата на нов клинички центар, нема 500 евра плата за обичниот граѓанин, нема повисоки пензии, повисока социјална помош, плати од 100.00 денари за лекарите, нема покачување на платите во образованието.
Во Прилеп нема ниту една нова фабрика, ниту една значајна инвестиција во било која област, како што е здравство, образование, туку има мизерни 20% реализирани капитални инвестиции, 60% повисоки сметки за вода, непотизам и криминал на секој чекор.
Во недела изборот е јасен. Од една страна имаме коалиција предводена од Зоран Заев и Стево Пендаровски, која ветуваше живот, а донесе пекол во Македонија. Од друга страна имаме чесен, достоинствен кандидат, кој ќе биде заштитник на нацијата, заштитник на правото и правдата, професорката Гордана Сиљановска Давкова. Од една страна имаме ликови кои се срамат од македонската химна затоа што во истата се спомнува Македонија, се спомнуваат Македонците и таа вечна борба за своите правдини. Од друга страна имаме докажан лик кој неизмерно си ги сака и народот и татковината.
Ликови кои се срамат од своето минато, од својот народ, кои се плашат да кажат на каков јазик зборуваат Македонците во Грција, кои се срамат од својата историја, кои докажаа дека се спремни да ја продадат државата за лични интереси, не заслужуваат да владеат во Македонија! Затоа ве повикувам, масовно, на 21-ви април, а потоа и на 5-ти мај да го дадеме својот глас за број 2 и професорката Гордана Сиљановска Давкова, и со тоа да им туриме пепел на политичките кариери на Зоран Заев и дружината, да ставиме крај на најнеспособните политичари од осамостојување на Македонија до денес.
Само на таков начин ќе се избориме за силна, достоинствена и честита Македонија, Македонија која ќе продолжи да чекори напред кон европското семејство, без овие матни политичари од времето на транзицијата“, изјави од ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.