На 21 април и 5 мај сите заедно одлучуваме за нашата иднина. Секој од нас треба да направи избор помеѓу два целосно различни концепти. Одлучуваме дали ќе останеме сами, изолирани и беспомошни, или ќе продолжиме заедно напред кон членство во најмоќните семејства – Европската Унија и НАТО, истакнаа од СДСМ Прилеп.
„На 21 април и 5 мај сите заедно одлучуваме за нашата иднина.
Во овие историски важни моменти за сите нас, за државата, за идните генерации и поколенија, сите ние кои имаме право на глас, повикани сме да донесеме нова правилна одлука и да избереме вистински Претседател.
Секој од нас треба да направи избор помеѓу два целосно различни концепти.
Враќање на изолацијата, конфликтите, омразата и поделбите од темното минато со Груевски, кои ги нудат Мицкоски и Сиљановска, или сигурен напредок, европско семејство и безбедна иднина за младите генерации со Стево Пендаровски.
Одлучуваме дали ќе останеме сами, изолирани и беспомошни, или ќе продолжиме заедно напред кон членство во најмоќните семејства – Европската Унија и НАТО.
Ние граѓаните на Прилеп секогаш сме биле одговорни. Сигурен сум дека и овој пат заеднички ќе ја донесеме вистинска одлука.
Ќе избереме Претседател кој обединува, води напред и кој ќе биде гласот на разумот во општеството.
Таков човек е заедничкиот кандидат Стево Пендаровски.
Гласот за Стево ги отвора шансите за подобар живот на младите. Тука во нашата земја, да ги имаат истите шанси и можности како и нивните врсници од Европа.
Гласот за Стево, е глас за нови инвестиции, економски напредок, нови и подобро платени места.
Затоа почитувани граѓани, во недела не се седи дома. Недела е ден за вистинска одлука. Одлука со која директно ќе влијаеме на иднината и животот на идните поколенија.
Во недела, на 21 април обезбедуваме стабилност и сигурен напредок, а на 5 мај ставаме печат на заедничката европска иднина.
Ајде во недела, достоинствено, одговорно и масовно, без разлика на партиски, верски, етнички и други припадности, да излеземе на гласачките кутии и сите заедно да го заокружиме бројот 3, за Стево Пендаровски и за нашата европска иднина“, истакнаа од СДСМ Прилеп.