Минималната потрошувачка кошница изнесува 32.852 денари – просечната плата 24.192 денари

Facebook
Twitter
Email
Print

Според минималната кошница што ја изработува Сојузот на синдикати на Македонија, за да ги задоволи основните потреби едно четиричлено семејство потребни му се минимум 32.852 денари. За разлика од тоа, просечната нето плата во државава изнесува 24.192 денари.

 

Во споредба со јануари оваа година, (во февруари Сојузот на синдикати не објавил информации) вредноста на кошницата е зголемена за 91 денар, додека споредено со потрошувачката кошница од март 2018 година, таа за 12 месеци поскапела за 434 денари.

 

Минатиов месец најмногу пари биле потребни за храна и пијалоци – 13.799 денари, а 10.414 денари биле потребни за домување. За хигиена се одвојувале 2.325 денари, додека за превоз 2.387 денари.

 

Едно четворочлено семејство претходниов месец трошело просечно по 2.154 денари за облека и обувки, а 1.070 денари за култура.

 

Најмалку пари граѓаните издвојуваат за одржување на здравје – 703 денари.

 

Но се разбира, сето тоа е само доколку семејството е без кредити и дополнителни давачки. И додека власта е оптимист дека работите одат на подобро, се чини дека живеачката станува се поскапа, а трошоците се поголеми.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи