Три скопјанчиња вчера биле вербално и физички нападнати во центарот на Скопје. Нападот се случил околу 18 часот, кога 13-годишното дете и неговите братче и сестричка на возраст од 9 години биле вербално нападнати со погрдни зборови од две 20-годишни момчиња.
Потоа напаѓачите со тупаница го удриле по глава 13-годишното дете и го повредиле. Мајката на дечињата објави статус на нејзиниот Фејсбук профил и е згрозена и вознемирена од постапката на насилниците. Според неа, и претходно децата и таа трпеле навреди од расистички причини.
Од МВР соопштија дека случајот е пријавен во полиција.
„Вчера во 21.40 часот во ПС Центар М.А.М. (38) пријавила дека дента во 18.20 часот на плоштадот Македонија во Скопје нејзиниот 13-годишниот син со своите 9-години брат и сестра биле нападнати од две непознати лица. Полицијата го расчистува случајот и ги бара насилниците“, стои во соопштението.