Повратот на ДДВ на граѓаните ќе биде преку апликација

Facebook
Twitter
Email
Print

Електронскиот систем за повратот на ДДВ на граѓаните е подготвен и во мај и јуни ќе се тестира, а за да го остварат ова право на граѓаните нема да им треба никаква електронска картичка или чување на фискалните сметки, туку едноставно со скенирање на кодот на фискалната сметка преку посебна апликација ќе ги добијат своите 15% поврат од ДДВ. Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на трибина во Куманово.

 

Според Заев, граѓаните ќе треба да ја скенираат фискалната сметка и парите легнуваат на нивна сметка. Фискалната сметка не треба да биде постара од пет дена, а сите потребни податоци за поврат на ДДВ ќе ги има посебната апликација.

 

Премиерот пред два месеци кажа дека секој граѓанин кој што има над 15 години и важечка лична карта ќе има можност за поврат на данокот на додадена вредност. Потребно е само да има трансакциска сметка и да биде регистриран во системот е -даноци. Кажа дека предвидени се и месечни лимити за поврат на ДДВ, за богатите кои трошат повеќе да не добијат најмногу пари назад. Мерката беше најавена дека секое семејство ќе добие максимум по 500 евра годишно од поврат на ДДВ.

 

Меѓутоа според анализата на Фајнанс тинк пак, само најбогатите домаќинства кои годишно трошат над 20 илјади евра, ќе добијат од државата поврат на име ДДВ околу 450 евра. Просечно македонско семејство кое троши за минималните основни потреби околу 530 евра, колку што изнесува социјалната потрошувачка кошница, ќе добие само 172 евра.

 

Мерката е со цел да се намали сивата економија.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи