Антикорупциска со два предмети против Мицкоски

Facebook
Twitter
Email
Print

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница отвори два предмети против актуелниот лидер на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

 

Првиот предмет е за добивањето на 33.000 метри квадратни државно земјиште за изградба на хидроцентрали и доделување концесија за користење вода за производство на електрична енергија со изградба на хидроцентрали на фирмата „Енерго тек” ДО Скопје, чиј основач е Мицкоски. Комисијата го повика портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов да ги достави сите податоци со кои располага околу овој предмет, бидејќи токму тој го изнесе во јавност на прес конференција.

 

Вториот е дека во септември 2016 година Мицкоски е именуван за директор на АД ЕЛЕМ од страна на надзориот одбор, а истовремно продолжил да биде и надворешен соработник – советник на тогашниот премиер Никола Груевски од областа на енергетиката.

 

И двата случаи се покренуваат по допрен глас.

 

Овие два предмети, констатира ДКСК се класичен пример на злоупотреба на функции и судир на интереси.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи