ВИДЕО – Ромите во Прилеп го прославуваат празникот Ѓурѓовден или Едерлез

Традиционално низ цела Македонија, денска Ромите го прославуваата празникот Ѓурѓовден или уште тие го нарекуваат и Едерлез. Денешниот ден според ромската традиција е празник на обновување на природата и заминување на зимата. Токму затоа тој се одбележувал со пикни  к и скара. Така беше и оваа година во ромската населба Тризла во Прилеп, стотици Роми правеа скара, се дружеа и забавуваа.

 

 

„Ова е ромски празник, ние се спасивме од зимата и затоа се вика ламја, едерлез значи ламја. Пред Ѓурѓовден децата одат собираат гранчиња и носат во своиите куќии, а таткото и мајката приготвуваат за другиот ден храна или ако имаат јагне“, вели Рамиз Ахмедоски, жител на населба Тризла.

 

Велат дека одбележување на Ѓурѓовден на ваков начин е традиција која со децении се почитува во Прилеп, а тие ја продолжуваат.

 

„Вака се собираме на ова место, јадиме скара, кој како има, ако немаш ќе прошеташ тука малку и ќе си одиш“, рече еден од посетителите на викенд местото кај с. Дабница.

 

„Се одбележува како според традицијата како ден на пролетта, доаѓаме тука со еден ручек и си одиме дома“, вели Исмаил Јашароски, жител на населба Тризла.

 

„Секогаш се собираме тука фамилијарни луѓе, домашни, се јади, се пија, дома гости се пречекуваата со благо со пијачка, дали сиромав, дали богат секоја година мора да дојди на ова место“, кажа Нешат Шабаноски, жител на населба Тризла.

 

„Да биди мир, да имаме слога сите, да биде се во ред во нашата држава и ние да видиме еднаш убаво“, истакна Самир Бајтулоски, жител на населба Тризла.

 

 

 

 

Некои од Ромите кои живеат во странство специјално се враќаат за овој ден во Прилеп.

 

„Јас сум екстра дојден од Германија. Секоја година се враќам тука за овој ден“, нагласи Јашар Ајвазоски, гостин од Германија.

 

Забавата секако е најголема за најмладите кои јаваат коњи, се забавуваат на вртелешките или играата игри.

 

Според традицијата Ѓурѓовден или Едерлез се празнува неколку дена со музика, игра и приготвување на јадења особено од од јагнешко месо.

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien