Во Кавадарци падна најголемата лото премија во историјата на Државна лотарија. Извлечените броеви 9, 11, 13, 21, 23, 25, 32 донесоа 7ка вредна 29.293.930,00 денари, или 500.000 евра! Среќниот добитник уплатил пет комбинации лото 7, од кои добитна била третата.
„Уплатата со вкупна вредност од 100 денари, била извршена на 6ти мај, во понеделник, во продажно место во близина на старата автобуска станица во Кавадарци“, соопштија од државната лотарија.
Седумка на лото претходно имаше паднато по еднаш во Свети Николе, Неготино, Тетово и Струмица, два пати во Куманово, четири пати во Битола и единаесет пати во Скопје.