Најскапото одморалиште на светот во кое ноќевање чини 100.000 евра, отворено е на приватниот остров Банва, кој се наоѓа во оквирот на Палаван на Филипините.
Во одморалиштето туристите имаат на располагање 15 хектари на приватното земјиште, на кое може да уживаат во играње на тенис, одбојка на плажа, веслање со кајаци или едноставно да уживаат во пливање во кристално сина вода во Сулуското море, наведува Индепендент.
Одморалиштето може истовремено да прими само 48 гости, кои се сместени во некоја од луксузните вили на крајбрежјето, од кои секоја има базен, балкон со џакузи и прозори кои се протегаат од таванот до подот.
Температурите овде ретко кога се спуштаат под 30 степени Целзиусови, се наведува во сајтот на одморалиштето.
Во ресторанот се служи свежо уловена локална храна или плодови од Сулуското море, додека во спа центарот гостите може да уживаат во неограничен број третмани, без додатна наплата, додава Дејли Меил.
До островот може да се дојде со хидроавион или хеликоптер од Манила.
ж