Одобрен новиот Клинички – ќе има 20 операциони сали и 1.300 болнички легла

Facebook
Twitter
Email
Print

На вчерашната 134. седница на Владата била усвоена постапката за изградба на новиот Клиничи центар. Владата издала задолжение на Министерството за финансии, во соработка со Министерството за здравство, да подготви оглас за барање заем за изградбата на центарот.

 

Според студијата за изводливост и врз основа на податоците добиени од клиниките, се предлага интегриран објект до пет ката, со околу 102.000 квадратни метри површина. Во него би имало 1.300 болнички легла, 20 операциони сали, четири сали за ангиографија, 8 родилни сали и 65 амбуланти за специјалистичко-консултативни дејности.

 

„Приоритет на Владата и на Министерството за здравство е изградба на достапен, квалитетен и долгорочно одржлив систем за здравствена заштита кој ќе обезбеди беспрекорни услуги на граѓаните, како и врвни услови за работа на медицинскиот кадар. Сметаме дека со изградба на новиот Клинички центар ќе се реши еден децениски проблем на нашата земја“, истакна портпаролот Миле Бошњаковски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи